Во тетовско Лешок денеска беше одбележана 20-годишнината од загинувањето на Ѓоко Лазаревски, кој во воениот конфликт во 2001 година учествуваше во одбрана на селото како резервен полицаец.

Со полагање свежо цвеќе пред неговото спомен обележје, чест му оддадоа членовите на семејството и повеќе делегации, а беше отслужена и панихида.