Мостот над река Пчиња кај кумановско Доброшане во наредните 100 дена ќе биде затворен за сообраќај заради санациски работи, што ќе ги изведува компанијата Синтек Инженеринг ДООЕЛ.

Како што информираат од АМСМ, поставена е сигнализација која ќе го регулира сообраќајот од и кон Куманово.