Кривопаланечката територијална противпожарна единица доби донација, противпожарно возило од словенечките колеги. Донацијата ја реализираше Доброволното противпожарно друштво од Општина Загорје на Сава, Република Словенија со посредство на Дирекцијата за заштита и спасување на Р Македонија.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, организираше прием за гостите од донаторското противпожарно друштво од Словенија во присуство на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.
-Голема благодарност до доброволното противпожарно друштво од Загорје на Сава и до директорот на ДЗС, Беким Максути, за несебичната помош и соработка, како и за обезбедената донација, противпожарно возило, што е од големо значење за жителите на општината, изјави Мицевски.
Општина Крива Паланка континуирано работи на техничко опремување и кадровско екипирање на ТППЕ, Крива Паланка, со цел ефикасна и брза интервенција на припадниците на единицата.