Изложба „Пресоздавање“ на Јулија Манојловска ќе биде отворена вечер во 20 часот во галеријата во Младинскиот културен центар.
Пресоздавање е објектна инсталација на визуелна сензација, лутање, односно перцептивно раздвојување и повторно создавање.
Трансформирана слика создадена од традиционалниот дводимензионален сликарски медиум во тродимензионален објектен цртеж ги содржи сите елементи што го дефинираат сликарскиот дискурс. Материјализацијата на цртежот преку бојата и светлото – сенките, го освојува просторот и околината со обоен цртеж-објект.
Манојловска е родена на 25 август 1992 година во Скопје. Во 2015 година дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класа на м-р Јован Шумковски. По завршување на студиите активно се занимава со сликарство и инсталации во областа на современата ликовна уметност. Има учество на повеќе групни и самостојни изложби и проекти од областа на визуелни уметности.