На двата вакцинални пункта во општата болница во Гевгелија, која ги опфаќа граѓаните од општините Гевгелија, Богданци и Дојран до денеска прва доза од вакцините против Ковид-19 примиле 8.666 граѓани додека преку 2.300 лица се ревакцинирани, потврдија од болницата.

Преку теренската имунизација по населените места од трите општини, која денеска продолжи во Богданци, а ќе заврши утре во гевгелиските села Моин и Ново Конско, вакцина примиле околу 1.300 граѓани од кои тие до 60 години се вакцинирале со кинеската вакцина „Синовак“, а лицата над 60 години со „Астра Зенека“.

Од болницата во Гевгелија потврдија дека во тек е имунизацијата на 40 деца и млади од 12 до 17 години со вакцината на „Фајзер“ кои добиле термин за вакцинација по претходно пријавување и за кои согласност дале нивните родители.