Мечка која повеќе од еден месец предизвикува штети во атарот на делчевското село Киселица, опустоши пчеларник. Меѓу најоштетените е пчеларникот на делчевецот Мичан Стојчевски, кој по трет пат е на удар на напади од мечка.

-Со сигурност може да потврдиме дека се работи за мечка, бидејки не само што на овој пчеларник дејствува по трет пат, туку претходно е забележана штета и кај други пчелари. Штетата е пријавена до наделжните, од каде очекуваме упатства како понатаму да добиеме отштета, велат пчеларите.

Околу излегувањето на терен од страна на надлежните добивме потврда од самите пчелари кои велат дека се преземени мерки од нивна страна со извршен увид на повеќе места каде е забележана штета.

-Апелираме на поддршка и од пчеларски здруженија од кои бараме идеи, како во иднина заеднички да се заштитиме од „натрапникот“, додадоа пчеларите.

Од подрачната единица на Министерството за земјоделство додаваат дека е објаснета целата постапка за обештетување и додадоа дека останува на пчеларите дали ќе покренат постапка со цел да си ја надокнадат штетата.