АД Електрани на Македонија презентираа дел од новата механизација набавена за потребите на рудниците во РЕК Битола.
Набавени се четири нови дампери, автодигалка, утоварувач, грејдер и друга механизација со која се обезбедуваат поквалитетни услови за работа во рудниците на комбинатот.
Монтажата ја вршат стручни лица од државата и странство споре кои потребни се пет денови за монтажа на механизацијата која е многу габаритна и обука за нејзино одржување.
АД ЕСМ набави и еден од најсовремените мерачи на топлинска енергија кој исто така е во процес на монтажа на дистрибуитивниот систем за испорака на топлинска енергија за греење во топлификационата мрежа на АД ЕСМ Енергетика, кон потрошувачите.