До крајот на неделава треба да има подготвена влада на Бугарија со имиња, изјави Радостин Василев од бугарската политичка партија „Има таков народ”.

Василев истакна дека е одлука на политичкото раководство на партијата дали повторно ќе му биде понудено министерско место, јави дописникот на МИА од Софија. Мандатот за формирање на бугарската влада претседателот треба да го предаде до крајот на неделава.

Василев беше предлог на лидерто на таа партија за министер за млади и спорт.