Невалидни се високите вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 суспендираните честички на aвтоматската мониторинг станица за квалитет на aмбентен воздух во Кичево, кои пред кратко време се појавија како резултат на стабилизација на мерните инструменти по настанати неколку краткотрајни прекини со напојување со електрична енергија во различни часовни интервали во периодот од 11:00 до 14:00 часот, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

– При тоа, настанат е прекин во мерењата на сите параметри за квалитет на воздух, вклучувајќи ги и мерењата на концентрацијата на ПМ 10 и ПМ 2,5 честичките. По доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти се рестартирани, а појавените високи вредности на измерени концентрации на суспендираните ПМ 10 и ПМ 2,5 честички се случија поради процесот на стабилизација на инструментот по неговото повторно ставање во функција и се невалидни, прецизираат од МЖСПП.