На 27.07.2021 од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром е приведен 17-годишник од Скопје, кој непосредно пред тоа извршил тешка кражба во продажен објект на подрачјето на Аеродром.

Во координација со Јавен обвинител за малолетници и во присуство на родител со него е извршен разговор, при што тој во целост го признал делото и го појаснил начинот на извршување. По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Администратор
28/07/2021 13:43