Составот на новата бугарска влада нема да биде објавен до крајот на неделата, како што беше објавено пред неколку дена. Ова го соопшти во Националното собрание пратеникот Ивајло Валчев од партијата „Има таков народ“.
„Не добивме мандат да објавуваме имиња, рече Валчев.
- Кога од страна на претседателот на Бугарија ќе добие мандат да ја формираат новата влада, тогаш ќе стане јасно името на номинираните за премиер од таа политичка партија.
Последниве денови локалните медиуми, како што јави дописникот на МИА од Софија,повеќе пишуваат дека иден премиер на Бугарија ќе биде Петар Илиев, кој е професор на Правниот факултет при Софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“. Петар Илиев е истакнат специјалист по европско право, добитник на престижната награда „Адвокат на годината“. Тој е доктор на правни науки и автор е на две книги и на над 60 други научни публикации за различни правни теми.