Жена го погодила џекпотот на „Баварската лотарија“, во Германија, но дознала за добивката дури неколку недели подоцна. И тоа – сосем случајно.

Добивката вреди 33 милиони евра.

Единствената добитничка, чие име не се споменува, купила лоз за 1,20 евра со претходно пополнети броеви. Но, го заборавила добитното ливче во својата чанта, како што пренесува „Скајњуз“. Бројките биле извлечени на 9 јуни, според „Лото Баерн“.

Среќната жена потоа споделила дека билетот го пронашла сосема случајно и кога дознала дека ги погодила седумте броеви, почувствувала вртоглавица.

– Парите се повеќе од доволно за мене, мојот сопруг и ќерка ми да се чувствуваат добро и да не се грижат за ништо повеќе, рече таа.

Сега среќничката ветува дека никогаш повеќе нема да купи лото-ливче, ќе води мирен живот и ќе се обиде да направи повеќе за природата.


Администратор
29/07/2021 12:45