По добивањето благословот во манастирската црква ,,Свети Спас“, четворица гевгеличани, во рамки на ,,Илинденскиот марш 2021“, откако се поклонија пред спомениците на легендарните гевгелиски војводи Леонид Јанков и Сава Михајлов, пеш се упатија кон историското Крушево каде ќе присуствуваат на прославата на 118 годишнината од Илинденското востание.
– Голем адет е ова кој го исполнуваме не заради нас и илинденците од 1903 година,туку за нашите деца и младите да не заборават кои се нашите корени,од каде потекнуваат и какви биле нашите војводи,што работеле и за кого се бореле, истакнаа учесниците во петдневниот марш.
Организатор на маршот е Унијата на млади сили и Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ. На пат кон Крушево учесниците ќе поминат преку Миравци, Демир Капија, Ваташа и Прилеп.