ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против М.М.(29) од с. Тополница, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

– Пријавениот неовластено држел, носел со себе и употребувал пиштол „ЦЗ 99“ калибар 9 мм, снимал со мобилен телефон и континуирано поставувал видео клипови на социјалната мрежа „тик ток“, на кои се гледа дека во рака држи пиштол „ЦЗ 99“ калибар 9 мм и каде испукува проектил од него, стои во соопштението од МВР.


Администратор
30/07/2021 05:26