Ве информираме дека денеска, петок (30.07.2021 година) од 18 часот, поради изведување на градежни активности на дел од коловозот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“, на потегот од крстосницата со улица „Беласица“ и улица „Никола Карев“ до крстосницата со булевар „Кочо Рацин“, возилата од линиите кои сообраќаат во овој реон во насока кон Бит пазар, мост „Гоце Делчев“, Градска болница, Билна аптека и слично, ќе имаат изменет режим на сообраќање.

Пренасочувањето ќе трае се до завршување на активностите на терен кои се вршат по налог на „БЕГ“, од каде очекуваат градежните зафати да завршат до недела (01.08.2021 година).

Линиите 3, 3Б, 5, 15, 23 и 27 *после постојката Железничка станица кон центар од булевар „Кузман Јосифовски Питу“, ќе продолжуваат лево по улица „Никола Карев“, десно по булевар „Трета македонска бригада“, лево по булевар „Крушевска република“, десно по булевар „11 Октомври“ кон Градска болница и ќе продолжуваат по својата редовна траса

Линиите 7, 17 и 33 *по булевар „Трета македонска бригада“ (од Поликлиника Пролет), ќе продолжуваат право, па потоа лево по булевар „Крушевска република“, десно по булевар „11 Октомври“ кон Градска болница и ќе продолжуваат по својата редовна траса

Линиите 31, 41, 51, 51а, 58, 58а, 58б, 67, 70, 74 и 80а *од Транспортен центар, лево по булевар „Кузман Јосифовски Питу“, десно по улица „Беласица“, лево по булевар „Гоце Делчев“, па лево по булевар „Крсте Петков Мисирков“ (Црква Пресвета Богородица), право по булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво) и ќе продолжуват по својата редовна траса

Линиите 21, 21А и 22 *од Транспортен центар ќе продолжуваат лево по улица „Никола Карев“, па десно по булевар „Трета македонска бригада“, лево по булевар „Крушевска република“, па десно по булевар „11 Октомври“ кон Градска болница и ќе продолжуваат по својата редовна траса

Линиите 18а, 20, 45, 47, 47а, 65Б, 65В, 52, 53, 54, 55, 55а, 55в, 61, 62, 63, 63а, 65, 66, 66а, 68, 69, 71 и 81 *од Транспортен центар, лево по булевар „Кузман Јосифовски Питу“, па десно по улица „Беласица“, лево по булевар „Гоце Делчев“, па десно по булевар „Крсте Петков Мисирков“ (Бит пазар) и потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса

Линиите 11, 11а, 15А, 18, 118, 32, 35, 56, 56а, 60 и 64а *од Транспортен центар, после постојката Железничка станица кон центар од булевар „Кузман Јосифовски Питу“, ќе продолжуваат лево по улица „Никола Карев“, десно по булевар „Трета македонска бригада“, лево по булевар „Крушевска република“, десно по булевар „11 Октомври“, десно по булевар „Кочо Рацин“ (Југодрво), потоа кон булевар „Крсте Петков Мисирков“, па лево по булевар „Гоце Делчев“ кон мост Гоце Делчев и ќе продолжуваат по својата редовна траса

Во обратна насока возилата од посочените линии ќе сообраќаат по вообичаената траса.


Администратор
30/07/2021 14:22