Прекин во водоснабдување денеска имаат корисниците од улиците „Емил Зола“, „Виктор Иго“, „Дренак“, „Драга Стојановска“ и „Невена Георгиева Дуња“ во општина Кисела Вода, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што посочија, е штопирање на стара водоводна мрежа на улица „Емил Зола“.

Водоснабдувањето е прекинато во 12:20 и ќе трае до завршување со активностите, информираа од претпријатието.


Администратор
30/07/2021 15:00