Обновен е релјефот на споменикот за 12 Ваташки младинци, стрелани на 16 јуни 1943 година. Спроведено и второто авионско третирање против комарци за 2021 година на територијата на Општина Кавадарци.
Еден од најуспешните градоначалници во земјата, првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев рече дека благодарение на соработката меѓу локалната самоуправа, Музеј галеријата и Министерството за култура, направена е обнова на релјефот, кој е изработен од кавадаречкиот вајар Кире Мукаетов.
Претходниот релјеф беше украден пред неколку години.
Јанчев информираше дека драстично е зголемена посетата во месноста Моклиште. Тој нагласи дека Општината се грижи за спомениците и историјата. Градоначалникот соопшти дека во овој дел се планирани и други културни содржини.
Носител на активностите беше Музеј галеријата. Директорката на Музејот, Весна Ѓорѓиева изрази благодарност до градоначалникот, до Министерството за култура за финансиската конструкција за овој проект. Идејното решение за релјефот е на Јордан Грабуловски-Грабул, вајар од Прилеп. Ѓорѓиева беше раководител на проектот за обнова на релјефот, а во неговата реализација учествуваа и кустосите Трајче Цветков и Марија Михова.