Корисниците на село Кадино, Општина Илинден, лоцирани на улиците „Новопланирана“ – „1“, „3“ и „11“, утре од 8:00 до 14:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 5:30 до 13:00 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Мост Илинден“ на потегот од училиштето до Општина Илинден.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.


Администратор
30/07/2021 22:02