На 30.07.2021 околу 22.00 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, во близина на поранешната касарна во Охрид, лишиле од слобода четири лица, поради постоење основи на сомнение за сторешно кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Имено, кај Н.К.(27) од Пехчево била пронајдена и одземена марихуана, една ќеса со розева и една ќеса со бела прашкаста материја. Кај П.М.(19) од Битола е пронајдено пакување со кокаин, кај А.М.(18) од Скопје била пронајдена марихуана, а кај Ј.Ш.(21), покрај марихуана, било пронајдено и одземено пакување со портокалова материја. Тие се приведени во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.


Администратор
31/07/2021 13:19