Доцент Ангел Кунчев изјави дека Бугарија веќе е на почеток од четвртиот бран на Ковид-19.
Тој истакна дека во текот на неделата бројот на новозаразени луѓе може да се искачи на 500, а вакцинацијата се бавно се одвива и не се почитуваат мерките.
– Од медицинска гледна точка има логика, но од чисто социјална гледна точка, избегнувам да давам прогнози и коментари бидејќи општеството не сака да презема мерки, уморно е. Од друга страна, луѓето кои се вакцинирани ја сакаат својата слобода и тоа е сосема фер, истакна Кунчев коментирајќи ја можноста за воведување на построги рестриктивни мерки само за невакцинираните луѓе, по примерот на некои европски држави.