Нивоата на повеќето реки во земјава се пониски од просекот за август, некои се дури и преполовени. Само Вардар, Црна кај Новаци, Бабуна и Струмица кај Сушево бележат зголемување.

Според денешните хидролошки мерења, водостојот на Вардар кај Велес и Јегуновце е речиси три пати повисок од августовскиот просек.

Значително намалени се Крива Река кај Крива Паланка, Треска кај Македонски Брод, Лепенец кај Скопје, Пчиња кај Пелинце и Струмица кај Ново Село.