Јавното претпријатие Паркови и зеленило по најавите од УХМР за дожд и ветер апелира граѓаните да не ги оставаат своите автомобили пред високи дрва.

- По најавите од Управата за хидрометролошки работи за појава на засилен ветер и можна појава на краткотраен дожд во попладневните часови денес и утре, ги молиме граѓаните да не ги паркираат своите возила под високи дрвја, со цел да се избегнат несакани последици.

Исто така, доколку забележите паднато дрво можете да го пријавите во Центарот за управување со кризи на телефон 195 или да ни се обраите со директна порака или мејл, за нашите екипи да интервенираат, велат од таму.