Според анкетата спроведена од агенцијата „Тренд“, при евентуално нови парламернтарни избори во Бугарија во парламрнтот повторно ќе влезат шест партии, а ГЕРБ би имал сосема мала предност од 0,8 отсто пред партијата „Има таков народ“, која победи на изборите од 11 јули.

Според дописникот на МИА од Софија, битката за третото место останува меѓу БСП и Демократска Бугарија со 14,5, односно 14,1 отсто.

На четврто место би бил ДПС со малку над 10 отсто и партијата „Стани БГ! Доаѓаме!” со 4,4 отсто.

Под прагот за влез во парламентот и натаму остануваат „Преродба“ со 2,9 отсто, ВМРО со 1,9 отсто и Бугарско лето со 1,1 отсто.

Истражувањето е нарачано од софискиот весник „24 часа“ и спроведено меѓу 23 и 30 јули на територијата на Бугарија.