Вечерва во 21 часот на просторот на Теодосијанската палата во Стоби ќе биде изведена претствата „Протеј, дел од сеќавања кој недостасува„ во продукција на Театарот Ам Ленд, од Грац Австрија.
Претставата е во конкуренција за една од наградите на фестивалот, Гран при за најдобра претстава, за најдобра режија и машка и женска улога.
Како што појаснува Сашо Димоски драматург и селектор на фестивалот во неговата фестивалска публикација „Нова Античка Драма“, Протеј на Кристијан Винклер поаѓа од познатата *зачувана) фабула на Есхиловата сатирска игра во која дејството се случува на пуст остров како паралелно дејство додека Грците ја освојуваат Троја,а ликови се морското божество Протеј и фантомот (илузија „холограм“) на Елена од Троја.
-Винклер прави гротескна реконструкција на Есхиловата сатирска игра со цел да ви даде можно толкување, свое видување за тоа што, всушност била и каква била сатирската игра според својата функција во театрологијата, зошто се изведувале на крајот од целината, каква била нејзината жанровска детерминираност и кои биле сатирите воопшто. Од дрга страна ,а во корелација со воената амблемација на приказната,Винклер монтира хорско и сингуларни партитатури што имаат документат од антиката, Винклер создава текст што е последица од неможнристички призвук и што се однесуваат на лични приказни случени во Австрија за време на нејзиното окупирање од страна на Русија на самиот крај од Втората светска војна. Во оваа смисла и контекстуализирањето на функцијата на хорот од антиката, Винклр создава текст што е последица од неможноста да се разбере војната во која, доколку има преживеани, остануваат само траумите и надежта дека светот одново ќе почне со секое ново дете што ќе се роди.
Билети може да се купат на касата на велешкиот театар, а организиран превоз за Стоби годинава нема.