Во моментов на подрачјето на општините Куманово и Старо Нагоричане, нема активни пожари, информира денеска командирите на територијалната противпожарна единица, Дејан Илиевски и Далибор Трајковски.
Пожарникарите од Куманово во соработка со припадници на Армијата вчера интервенираа кај Довезенце, пожарот е завршен во попладневните часови. Таму има екипа која дежура.
Во Старо Нагоричане пожарникарите интервенирале и на пожар, остаток од запален дрво и сува трева и веднаш гасле со девет пожарникари во период од четири часа.
Меѓу интервенциите опфатени во дневниот билтен на РЦУК Куманово се наведува дека пожарникарите интервенирале во Слупчане и Којнаре на запалена трева.