На сцената „Петре Прличко“ на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во рамките на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби 2021“ вечерва во 20:00 часот ќе биде изведена претставата „Бакхи-краток преглед на распадот“ во изведба на битолскиот Народен театар.Текстот е по „Бакхи“ на Еврипид во режија на Игор Вук Торбица, а драматургијата е на Билјана Крајчевска.

Настапуваат актерите: Маја Андоновска-Илијевска во улогата на Дионис, Огнен Дранговски како Пентеј, а Тејресија ја игра Соња Михајлова.Во улогата на Кадмо е Иван Јерчиќ,Агава-Илина Чоревска, Гласникот –Мартин Мирчевски, Слугата-Васко Марковски,Водачот на хорот-Викторија Степановска-Јанкуловска.

Хорот на Бакхите:Валентина Грамосли,Петар Спировски,Сандра Грибовска и Анастазиа Христовска.

Како што појаснува драматургот Сашо Димоски во неговата фестивалска публикација „Нова Античка Драма“,сложената семантика на текстот говори за неможноста за разбирање на вистинската природа на појавната стварност за трагизмот, како последица на тоа неразбирање.

-Но и за немоќта да се одреди слободата,слободното битие и волјата, зачаурени во потребата за моќ.Резултатот? Фатален исход во кој идентитетот станува аморфмна маса, именка без содржина, неможност за целина, појаснува Димоски.

Претставата е во конкурнција за една од наградите на фестивалот:Гран при за најдобра претстава, за најдобра женска и машка улога и за најдобра режија.