Тетовската територијална противпожарна единица во текот на вчерашниот ден во период од 11 до 23 часот интервенираше на осум места за гасење на пожари. Изгаснати беа огнови и пожари на полиња, шумски предели и диви депонии.

-Интервениравме во Горна Лешница, Општина Желино на различни места, потоа во Требош, Палатица, Џепчиште, Непроштено и Слатино. Шумски пожари се во Горна Лешница и Непроштено, додека во Слатино и Џепчиште сува трева. Кај Требош и Палатица се гасеше стрниште додека во близина Петрол Компани сува трева кај овоштарниците. Пожар имаше и на дива депонија во Непроштено, изјави Ука Алити од тетовската пожарна.

Сите пожари се локализирани.