Во моментов нема активни пожари на подрачјето на општините Куманово и Старо Нагоричане, информираа денеска командирите на противпожарните единици, Дејан Илиевски и Далибор Трајковски. Вчера на подрачјето на Старо Нагоричане повторно се активирале пожарите на Кокино и кај Жељувино-Дренак.
Пожарот на потегот Жељувино-Дренак, во планинскиот предел се активирал во попладневните часови, а е згаснат по полноќ. Екипи од двете противпожарни единици дејствувале на терен, а како поддршка им биле вработени од Национални шуми и мештани.
На Кокино горела сува трева и нискостеблеста деградирана шума, пожарникарите интервенирале за час и половина
Кумановските пожарникари интервенирале и на пожар во близина на подружницата на Национални шуми.