На граничниот премин Табановце за излез од земјава се чека од 40 минути до еден час поради зголемена фреквенција на возила.
За влез во земјава се чека околу 20 минути, информира Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.