Најпопуларен политичар во Словенија се уште е актуелниот претседател и лидер на Социјалдемократската партија, Борут Пахор, додека министерот за здравство Јанез Поклукар и претседателот на словенечкиот парламент, Игор Зорчиќ, се на второто и третото место место, покажува најновото истражување на јавното мислење на „Десус“ и „НСИ“.

Истражувањето, исто така, покажа дека партијата на премиерот Јанез Јанша денеска би добила најмногу гласови на парламентарните избори и покрај непопуларноста на владата, пренесува љубљанскиот весник „Дело“.

Анкетата во која учествуваа 711 испитаници покажа дека 17,1 отсто од гласачите на евентуални избори би гласале за Словенечката демократска партија (СДС) на Јанша, а 12,7 отсто за опозициската Социјалдемократска партија (СД), што во моментов ја предводи европратеничката Тања Фајон.

Партијата на Јанша има стабилен рејтинг во последните четири месеци, но партиите во неговата коалиција се во поголем пад, додека партиите на левицата покажуваат мал раст на популарноста, па во случај на релативна победа на изборите, Јанша тешко би формирал нова влада.

Анкетата по0кажува дека опозициската партија „Левица“ би добила 8,6 проценти од гласовите на изборите, а Листата на Марјан Шарец (ЛМШ) предводена од поранешниот премиер би освоила 7,3 проценти, додека другите партии засега се под изборниот праг.

Владата заслужува „средна“ оценка сметаат 25,4 отсто од испитаниците, додека парламентот доби полош резултат во анкетата од владата.

Следните парламентарни избори во Словенија ќе се одржат кон средината на 2022 година.