Со проекција на отворено на францускиот филм „Полусестра“ вечер во Струмица продолжува манифестацијата „Струмица-град на културата 2021“.

И во наредните денови на програмата на оваа културна манифестација се филмски проекции. Утревечер на програмата е филмот „18% сиво“, а задутре љубителите на филмската уметност ќе го проследат домашниот филм „Златна петорка“.

Во петок, сабота и недела ќе се одржи шеснаесетото издание на Фестивалот „Астер Фест“, посветен на краткиот филм, а фестивалските содржини целосно ќе се одвиваат во Летниот амфитетар во Струмица.

До крајот на овој месец организаторите планираат одржување на повеќе музички концерти, како и научен симпозиум на тема „70 години Институт за фолклор „Марко Цепенков“ и 50 години фолклористичка дејност на Иван Котев“.