Две лица на 65 и на 86 години починале во текот на изминатото деноноќие во тетовскиот ковид-центар, информираат од Клиничка болница.

Со тоа, бројката на луѓе во тетовскиот регион кои починале поради Ковид-19 во време на пандемијата достигна 342.

– На болничко лекување сега има 43 лица. Има починати две лица и пуштени на домашно лекување, а нови примени се шест лица. Бројот на амбулатнски прегледи е зголемен и достигна 101 лице. Бројката на прегледи само во прва смена ни укажува на тоа дека бранот ќе продолжи и понатаму, ќе има нови болни кои ќе треба да бидат примени на болничко лекување, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид-центарот.