Координаторите на пратеничките групи на бугарското Народно собрание денеска ќе оддржат втора средба на која ќе терба да одлучат што да прават во новонанастаната комплицирана ситуација по повлекувањето на предлог-владата на ИТН, што синоќа на Фејзбуск го најави лидерот Слави Трифонов, објави дописникот на МИА од Софија.
Пред тоа, ќе се одржи разговор со администрацијата на претседателот на Бугарија, Румен Радев, поради указот издаден од него и поведената постапка за формирање влада.
Координаторката на парламентарната група ГЕРБ-ДПС, Десислава Атанасова, коментираше дека не е сериозно Националното собрание да се делегитимира и да нема одлука. Според неа, во секој случај треба да има одлука – дали Националното собрание на Бугарија или претседателската институција, по која процедура да се смени постапката.
-Бугарскиот Парламент мора да има одлука, бидејќи тој одлучува за конституирање на секој акт – оставка на премиерот, министрите. Бугарија е пред уставна криза. Општо земено, во текот на овие 31 година од бугарскиот Устав, немаше таков преседан, рече Атанасова.
На влезот од Нарадното Собрание заменик претседателот на ГЕРБ, Даниел Митов, се заложи за нови избори „затоа што на Бугарија и е неопходна функционална влада“.
Тој не сакаше да коментира како ќе реагира ГЕРБ-ДПС кога ќе го добие втор мандат, согласно уставот, а одби и да коментира дали неговата партија ќе ја поддржи идејата за „Влада на национален спас“.