На Инфективното одделение при велешката Општа болница денеска е починат пациент на 65 годишна возраст од Велес, позитивен на Ковид-19, информира д-р Елеонора Јованова портпарол на ЈЗУ Општа Болница.Тој не бил вакциниран против Ковид-19.

Инаку, последен починат од Ковид-19 во велешката болница е регистриран на 16 мај ,пред скоро три месеци информира д-р Јованова.

Денеска на Инфективно одделение во велешката Општа болница вкупно се хоспитализирани се тројца пациенти, за кои е потврдено дека се позитивни.

На кислородна поддршка е еден пациент. Вчера беа хоспитализирани пет лица, од кои двајца на кислородна поддршка.

Испишан е еден пациент како оздравен, со еден негативен тест, информира д-р Јованова.

Според Министертвото за здравство, во Велес и велешко во изминатите 24 часа се региструрани четири новозаболени, а моментално активни на болеста се 21 лице