Недалеку од хрватскиот град Задар, на Јадранското Море се наоѓа малиот остров Галешњак, попознат како „Островот на Љубовта“ или „Островот на Љубовниците“. Ненаселен е и е идеална дестинација за дневни патувања за вљубените парови, меѓу другото, и поради својот облик на срце.

Иако картографот на Наполеон, Шарл-Франсоа Бјутемпс-Бопре нацрта речиси совршена форма на срце на картата на хрватскиот брег во почетокот на 19. век, Островчето на Љубовта стана атракција дури во 2008 година, кога „Гугл Ерт“ го прогласи за едно од неколкуте природно обликувани срца – феномени. На островот нема туристички капацитети, како хотели или одморалишта и целата негова површина е покриена со ниска вегетација. Посетителите ги пречекува мир и тишина прекината само со звуците на брановите и штурците.

До брегот на островчето може да се стигне од островите Турањ, Пашман, но и од Задар. Многу тури и крстарења се достапни во сезоната, во облик на дневни патувања.


Администратор
12/08/2021 04:25