Пратениците во Народното собрание на Бугарија, од втор обид, денеска ја донесоа одлуката дека не успеа обидот за формирање влада на Пламен Николов од партијата „Има таков народ“, јави дописникот на МИА од Софија.

На овој начин, претседателот Румен Радев може да ја продолжи уставната процедура со доделување мандат на втората по големина партија за да се направи нов обид за формирање влада. Одлуката беше донесена со 105 гласа „за“, 60 „против“ и еден „воздржан“.

Од коалицијата ГЕРБ-ДПС 60 пратеници беа „за“ и еден „воздржан“, а другите партии ги поддржаа, но за време на гласањето пратениците на „Има таков народ“ повторно не влегоа во салата за гласаање.