Во Струмица вечер почнува 16. Фестивалот за краток филм „Астерфест“, кој ќе трае до недела.

Ова издание се одржува под мотото „Нови мотивации“, а во официјална интернационална конкуренција се 24 кусометражни играни, документарни и анимирани филмови.

На отворањето на Фестивалот, вечер, ќе бидат прикажани филмовите „Господата од Современа“ на Ана Алексовска, „Конструкт 24“ на Никола Ангелкоски и „И(с)згубени“ на Антонио Вељаноски, а веднаш потоа и 7 документарни филмови од категоријата „Астердокс“.

Програмата продолжува во сабота со проекција на филмовите од категоријата „Глобална фикција“ и во недела со проекција на филмовите од категоријата „Анимоушн“.

Лауерат на наградата за животно дело „Астер“ е Јан Качер, еден од најеминетните чешки и европски актери и режисери.

Жирито е составено од режисерите Ено Милкани, Панајотис Краварис и актерката Јулија Милкова.

Фестивалот ќе се одржи во Летниот амфитеатар, а е поддржан од Општина Струмица.