Повеќе улици во градот се без вода поради дефект, информираат од ЈП ,,Комуналец” Неготино.

– Станува збор за потрошувачите од улиците „ЈНА“, „Марксова„ „25 Мај“, „Кирил и Методиј“,„Борис Кидриќ“, ,,Пиринска“, ,,Вардарска“, „Ѓоко Мишев“, „Вано Ташев“, „Вељко Влаховиќ“, „Едвард Кардељ“, „Илинденска“, „Ќиро Крстев“. Поради дефект на улична водоводна линија, денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето до санирање на дефектот, појаснија оттаму и замолија за разбирање.