Продолжувањето на пандемијата со Ковид-19 значително ја зголеми стапката на смртност во Албанија, па така Институтот за статистика, ИНСТАТ, соопшти дека само во вториот квартал од годинава, регистрирани се над 5.700 смртни случаи, што е околу 400 повеќе од истиот период од 2020 година.

„И покрај фактот дека тие се во помал број во споредба со периодот јануари-март 2021 година, бројот на смртни случаи и натаму останува висок, при што Тирана е регион со најмногу смртни случаи (над 1.400). Раст на морталитетот е забележан и во осум други окрузи во земјата, додека намалување има во окрузите Пешкопеја, Кукс и Лежа“, се навеудва во извештајот на ИНСТАТ.

ИНСТАТ додава дека во првото полугодие од годинава регистран се вкупно 15.434 смртни случаи или над 3.400 случаи повеќе споредено со истиот период лани, кога беше екот на пандемијата.

Според статичкиот институт минатата година споредено со претходната година, во земајат е регистрирана повисока смртност за 25,8 отсто.Во 2020 година, починале вкупно 27.605 лица што е зголемување од 25,8 отсто или 5.668 починати повеќе споредно со 2019 година. Ова е рекордно ниво на загубени животи во земјата од 1990 година.