Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека додека бил министер за надворешни работи, пред неколку години во Белград, со дозвола од претседателот Александар Вучиќ, организирал мировни преговори помеѓу авганистанските власти и талибанците.

– Трипат доаѓаа, јас им бев домаќин, на видео-врска беше актуелниот претседател на Авганистан. Овде беа претсатвниците на Советот за мир на Авганистан и некои претсатвници на талибанците, односно на нивните фракции. Овде разговаравме трипати, а подоцна кога видоа што правиме, презедоа големите сили, рекоа ние тоа ќе го направиме во Доха, Карар. Се гледаат резултатите, изјав Дачиќ за ТВ Пинк.

Тој додаде дека Србија не се мешала во преговорите, а „атмосферата беше коректна и заедничка оцена беше дека во тоа време е постигнат напредок, прогласено е примирје“.

Дачиќ посочи и дека ова првпат јавно го кажува, а досега мочел за да не се нарушат преговорите.

– Западната хемисфера доби шлаканица во Авганистан, не очекуваа сето ова да се случи, ова што го гледаме, истакна Дачиќ.

Тој додаде дека Авганистан, во присуство на НАТО стопати го зголеми производството на хероин, од кое, помеѓу другото, се финансира талибанското движење.