Расте бројот на хоспитализирани лица позитивни на Ковид – 19 во модуларната болница во Струга.
Директорот на Општа болница – Струга Арменд Аслани информира дека во моментот се хоспитализирани 20 пациенти од кои 17 се на кислородна поддршка, од две до 32 литри дневно.
– Најмладиот хоспитализиран пациент во моментот е 30 години, а највозрасниот 74. Две лица на оваа возраст се на болничко лекување. Од хоспитализираните пациенти четворица се со по две примени дози вакцина и се со полесна клиничка слика, изјави Аслани за МИА.
Упати апел до населението да се вакцинира што помасовно, да ги почитуваат мерките и да бидат претпазливи бидејќи, како што рече, само на тој начин може да се преброди и овој бран.