Црна Гора не е „длабоко поделена“, Црна Гора е плитко поделена, бидејќи работничката класа не е свесна за својата носечка функција во општеството.
Кои се правата на црногорските работници покажува куриозитетот дека претседател на Работничката партија е наследна функција, од генерација на генерација, и дека главната цел на партијата е борбата за правата на жените со три деца, популарно познати како мајки.
Без волја да се жалам на сметка на таквата партија, сакам да забележам дека работниците во Црна Гора се заробени помеѓу левицата во пјачоти мокасини и клеро-десницата во опинци.
Не реков ништо ново со тоа, но ново е што полудев, па мислам дека работничката класа е се уште потентен политички ресурс. И не само што е потентен, туку е подготвен да се оформи, да роди нова вредност кај скоевците од 30 минус години, кои не клечеа врз пченка во деведесеттите години и не се сеќаваат на мирисот на млеко во прав.
Тоа се случи во Загреб, изби пожар во левицата, па мора да се случи еднаш во Црна Гора, ќе се формира писмен одговор на оваа политичка агонија и единствената точка на договор ќе биде новата левица. И единствената поддршка на левицата ќе биде работничката класа. Нека цвили багерот на крупниот капитал и да не се викам Баба Ванѓа ако не насетувам доаѓање на генерација со малку повеќе јајца и памет.
Работите се едноставни, па некој мора да ги формулира. Професорот Случај на крајот ќе изнесе некого од задната клупа пред таблата, и тој ќе нацрта млазен авион со креда, ќе ги стави во него кралот и татковината и зеленашите и четниците, и ќе ги испрати каде што им е местото, во странски бањи, а овде ќе се гради нов социјализам.
Во ред, малку се занесов, но ако не се занесам, тогаш нема визија, и бидејќи веќе не припаѓам на младите, морам да посегнам по вештачкиот рај на идеологијата за да замислам поправедно општество, барем за момент.
Лага е дека Црна Гора е „длабоко поделена“, тоа е одвратна окупаторска лага на корумпирана политичка елита која го менува својот странски спонзор на секои десет години и ја продава земјата на поголема беда и по пониска цена секој пат. Пумпајќи туѓ интерес и пумпајќи ги сопствените џебови, во Црна Гора се станува власт – без разлика, дали новиот владика се поклонува пред Западот, Истокот, вождот или Турчинот.
Значи, Црна Гора е многу плитко поделена, а работничката класа е длабоко без знаење, организација, со наведната глава, затоа што не е свесна за себе, затоа што ја убедија дека е национална, национализирана, докапитализирана и неслободна, дека дури не е ни класа,туку немо социјално копито, преостанато од некое одамна убиена мрша.
Имам одредени надежи во таа насока, претпоставувам дека свеста не може да се заѕида, луѓето овде ќе сфатат дека работникот не е синиот мантил од учебниците, туку оној што упорно те гледа од огледалото. Без разлика дали сте фанки дечко во кул стартап каде сите танцуваат во папучи и пијат чај од нане, или подригнувате од специјална салама во мувлосан магацин – работник сте и тебе ти се приоѓа како на бројка. Повеќето од твоите права беа избришани пред да се родиш. Произведуваш вишок вредност под капата на работодавач кој со талентот на измамник со кибритчиња ја крева капата и оп – под неа нема ништо.
Ако се потпираше на дневна политика, погледни наоколу. Швалерките, кумовите и братучедите на новата каста се веќе вработени, а единствен доказ дека залади е студената пот што ти проби кога сфати дека си повторно заебан. И тоа не е крај. Постојат милион начини да те понижат, класичната примерна сила всушност се случува ретко. Дури и во случај на јуродивата министерка која веројатно единствено сама себе не се отпуштила, нема синдикален отпор, туку на се се додава белешка за лажна политика, се искажуваат вооружени дитирамби и се мудрува крај огнот каде што обесправениот се сеќава на белиот терор и бескрајно ломоти за второто доаѓање на Славко..
Отпуштените работници кои биле шутнати од апостолите, никој не ги спомнува, веројатно затоа што се работници, па затоа не вреди да се дува во анахроните дипли на социјалната правда, во која никој не верува после ДПС. Но, ако се верува во дарот на ковчегот и бакнување на мртвите, во вампирски фестивали и одмаздници на зурли, постои надеж за иднината на земјата собрана во духовен кич и клечење.
Црна Гора може да се брани само како идеја за општествено и граѓанско единство, над култот на народот, а црногорството може да биде рамковна категорија и национален минимум, признаено и сакано со цел да се усвојат повисоки вредности на правда и слобода. Либералите не беа пред своето време затоа што беа нахиски Црногорци, туку затоа што нудеа напредни вредности. Луѓето не одеа на тие собири само за да ја слушнат забранетата химна, туку рокенролот, и во тоа единство на културата, нацијата, бунтот и герилата, накусо заискри нешто со здрав хумор, престапен ум на Балканот, кој веќе се поклонуваше на џелатите.
Денес, барјакот на класната борба е неопходен не само во Подгорица, или Цетиње, туку во сите градови, бидејќи го брани поединецот и општеството. Тоа е знаме што го претставува правото да живееш и да создаваш како исправен човек. Ќе се смејат кога првпат ќе го подигнеш барјакот, ќе се смејат и вториот пат, додека не сфатат дека пролетерот не е средство за работа туку разбуден човек. Тогаш започнува борбата, каде писателите се повлекуваат подлабоко во имагинацијата, а попаметните чекорат напред, доколку ги има.
Мое е само да ги повикам и да ги охрабрам да излезат.
18 август 2021
Вијести – Подгорица
(колумна на Брано Мандиќ)