Во касарната „Јане Сандански“ Штип денеска се одбележаа 29 години од нејзиното постоењето. На свеченоста присуствуваа градоначалници од општините Штип и Карбинци.

Градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов информира дека командантот и потполковник, Стојанче Костов му била доделена плакета за остварените резултати, за нејзиното јакнење и осовременување како и афирмирање на нашата земја.

–Со особена гордост го честитам денешниот празник, упатувајќи искрена благодарност на припадниците на Армијата, на нивната континуирана посветеност, и несебичен ангажман за заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на нашата држава. Би сакал да се заблагодарам и на нивната професионалност во справувањето со пожарите. Горд сум на брзата акција, но и за енергијата и трудот кои ги дадоа за огнените стихии да бидат ставени под контрола, вели Николов