Во тетовската касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ со воена свеченост единиците од гарнизонот Тетово, денеска го одбележаа “18–ти Август“- Денот на Армијата. Свеченоста за Денот на Армијата беше организирана во согласност со протоколите и со почитување на мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

На свеченоста со пригоден говор се обрати командантот на тетовската касарна, потполковник Изеир Ејупи.

–Денес прославувај ќи го Денот на Армијата, одбележуваме 29 години од формирањето на Армијата, и нешто повеќе од една година полноправност во НАТО што преставува чест, достоинство и гордост да се биде припадник на истата. По осамостојувањето на 8–ми септември 1991 година и повлекувањето на тогашната ЈНА, одејќи по тежок пат, со многу малку средства, нашата држава формираше Армија со сопствени сили и капацитети за нејзино функционирање, а како резултат на ентузиазмот и иницијативата на тогашното државно и воено раководство, на 11 март 1992 ордо беше развиорено државното знаме на караулите Рамна Нива, Коприва и Деве Баир, а денес државното знаме гордо се вее и во Брисел како полноправна членка на НАТО. Денешното одбележување е достигнување и е резултат на децениските стремежи на нашите великани, патриоти и борци од нашата подалечна и поблиска историја, кои со своите дела го овозможија овој свечен чин“ истакна командантот потполковник Изеир Ејупи.

На свеченоста, беа интонирани државната химна и химната на Армијата а по повод денот на Армијата беа доделени поголем број на стимулативни мерки а беа унапредени, наградени и пофалени старешини и војници.