Според податоците на СВР Куманово во изолација на подрачје на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане вкупно има 312 лица, соопштија денеска надлежните.
Од нив на подрачјето на Куманово во изолација вкупно се 242 лица од кои 209 се позитивни, а 33 се контакти. СВР Куманово информираше дека во општина Липково во изолација се вкупно 68 лица од кои 60 се позитивни, а осум се контакти.
Во Старо Нагоричане евидентирани се две позитивни лица.
– Сите лица редовно се контролираат од страна на СВР Куманово- информираат од полицијата.