Во рамки на манифестација „Филмска култура – три децении независен македонски филм“- проекции на филмови и концерти со филмска музика овие три дена ќе се одржуваат во дворот од Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово. Вечерва од 20 часот ќе се одржи свечено отворање на програмата, додека проекциите на филмовите се од 20:30 часот.
-Ќе има проекција на краткометражен игран филм „Љубовникот“ од осум минути како и долгометражниот игран филм „Татко“ кој трае 104 минути. Во 22 часот следува концерт „Филмот може да се слуша“ односно изведба на филмска музика на акустично трио кое ќе изведува филмска музика, а ќе биде наменет за случајните минувачи. Во сабота се предвидена проекции на филмови исто така од 20:30 часот – „Камена градина“ (2018), експериментален документарен филм од 13 минути, „Види ја ти неа“ (2017) , краткометражен игран филм од 17 минути и „Кобра“ (2018), документарен филм од 55 минути, информираат од Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.
На третиот завршен ден од манифестацијата во недела 22 август во истото време предвидена е проекција на филмовите- „Црвената соба“ (2016), краткометражен игран филм во траење од 20 минути и „Летачкиот циркус“ (2019) , долгометражен игран филм од 115 минути.
„Филмска култура“ се организира во согласност со актуелните протоколи и мерките за спречување на ширење на коронавирусот.