Актуелниот претседател на Совет на општина Кавадарци Ристо Сакалиев ќе се бори за шести советнички мандат. Тој денеска информираше за МИА дека независната советничка листа што ја предводи, ги собрала потребните потписи согласно на Законот.

Сакалиев појасни дека на два пати беше носител на советничката листа на СДСМ во поранешната општина Конопиште. Ако биде избран на претстојните локални избори, ова ќе биде негов четврти мандат како независен советник.

– Очекувам во идниот Совет да влезат повеќе лица од нашата советничка листа. Наш приоритет за делување ќе биде екологијата, иако има и бројни други важни нешта за коишто ќе се залагаме, додаде Сакалиев.