Новата книга „Од компетентност до комплетност: водич за преживување на наставници“ од Kиро Јорданов, ќе биде промовирана денеска онлајн преку фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“.

Онлајн-разговорот со авторот ќе го води уредникот на изданието Филип Видиновски.

Киро Јорданов e наставник по англиски јазик, едукативен иноватор и автор. Магистер e по англиска книжевност. Три години по ред прогласуван за истакнат наставник на годината. Дипломира и магистрира на УКИМ: на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, алумнус на Универзитетот во Орегон во САД, алумнус на Универзитетот „Кент Стејт“ во Охајо – САД, алумнус на ЈАД Вашем – програмата во Ерусалим, Израел. Посетувал обуки во Велика Британија – во Девон, Бугарија, Грција и други.

Автор е на повеќе од 30 трудови за образованието и автор и раководител на проекти поврзани со образованието. Автор е на „Граматика на англискиот јазик за македонски говорители“, „Дезинтеграција на праволиниското раскажување“, издавач на „Сите се смееме со иста насмевка“ – збирка на мултиетничка поезија, соработник на македонското издание на „Што ако…“ од Мет Мури.