Не би кажала дека треба ова во овој момент кандидатура да се третира како политичка позиција, затоа што јас лично како кандидат за градоначалник, а во случајот како кандидат за независен човек кој што ќе оди да атакува на оваа место за првиот човек на Градот Скопје не сум човек кој доаѓа од политиката, и не сакам да направам никаква поделба во општеството, туку сакам едноставно да го понудам своето знаење и сите компетенции на сите скопјани и да покажеме дека постои алтернатива на се она што се случувало досега и дека е возможно независно, надпартиски со професионалност, со компетентност да се постигне сето она кое што е важно за скопјани, вели Данела Арсова, претседател на ССК и независен кандидат за градоначалник на Град Скопје во вечерашното гостување во Централниот дневник на Сител телевизија.

Во суштина моите мотиви се сето она кое што го мислат сите скопјани и низ нашите разговори кои што сме ги имале со сите граѓани при нашите средби. Не само како човек како претседател на Сојуз на Стопански Комори, туку и како скопјанка. Она кое што е мотив е најважно да се знае, дека е недозволиво во 21оит век се уште теми на разговор да ни биде немање чиста вода за пиење во урбана средина, дека е недозволиво во 21от век да дискутираме за теми кои што би требало да бидат зад нас и да ги поставуваме како предизвици пред граѓаните кои што навистина е важно да се почувствуваат конечно после долго време дека живеат во европска, современа метропола, додава Арсова објаснувајќи кој е нејзиниот мотив за кандидатура за градоначалник на Град Скопје.

На прашањето дали очекува поддршка и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која се уште не го обелоденила персоналното решение за Град Скопје, Арсовска истакна дека не само од ВМРО-ДПМНЕ туку очекува поддршка и од сите други политички партии, како и од сите скопјани и организации кои сакаат почиста средина и по среден град.

Очекувам поддршка од сите. Така и ја побарав поддршката денеска кога ја најавив кандидатурата, и искрено очекувам поддршка од сите партии. Притоа и не само од партии, туку и од сите симпатизери кои што без разлика на која партија припаѓаат, доколку веруваат на она кое што можам јас како програмски дел да го понудам за градот, за тие да живеат поубава, почиста средина и по среден град, дека ќе ја дадат поддршката за мене, и тоа не се однесува само на политичките партии и луѓето кои што се симпатизери на одредени партии, туку се однесува на сите организации, на сите неопределени скопјани и на сите оние кои што им е важно истото она кое што ми е важно и мене, децидна е Арсовска.

Арсовска ја побара поддршката од сите скопјани, додавајќи дека лично како човек е уморна од партизација и поделби во општеството.

Јас лично како човек веќе сум уморна од партизација и од поделбите во општеството и не треба да ги делиме скопјани. Јас ги повикувам сите скопјани да гласаат за мене, без разлика на етникумот. Секој еден скопјанец кој што живее тука, за мене како иден градоначалник ќе биде подеднакво и ќе го добие подеднакво сето она кое што го заслужува како човек кој што живее тука. И треба еднаш засекогаш да се знае дека градоначалникот треба да е сервис на своите граѓани, треба да е човек кој што ќе работи, ќе делува за нивно и за заедничко добро утро и за подобар град, нагласи Арсовска.