Пејачката со албанско потекло, Аделина Тахири ја искажа својата поддршка за Даниела Арсовска, кандидат за градоначалник на Скопје. Вели дека познавајќи ја Даниела, таа е вистинскиот избор за главниот град.

Како паметна жена која постигнала голими успеси во областа на нејзината професија мислам дека заслужува да биде градоначалник на град Скопје. колку што ја знам, знам дека поддржува недискриминација на етничка, национална, политичка, партиска, родова, верска и јазична припадност и дека не прави разлика меѓу луѓето! Заради овие причини сметам дека треба да се поддржи вистинската личност да биде на чело на нашиот град! – стои во објавата на Тахири во која испраќа апел нејзините пријатели и следбеници да гласаат за Арсовска на претстојните локални избори.